Фирмата Дооел "Јанко" Охрид успешно работи од 1991 год. и главно се занимава со внатрешна и надворешна трговија на големо и мало и нуди најквалитетни производни услуги на пазарот.
Во својот асортман фирмата нуди производи од црна металургија, комплетна порграма за водовод и канализација електроматеријали, врзивни елементи , делови за заварување, резен алат и други производи.
Успешното работење на Дооел "Јанко" Охрид е резултат на динамичо, ефикасно и ефективно извршување на задачите на вработените, а тоа се должи на нивните залагања , обученост и тимска работа.Во нашата фирма вработените се од различен профил во секторите финансии, маркетинг, продажба.
Дооел "Јанко" Охрид своето работење го базира на редовно следење на светските трендови , со цел да се одржи чекорот со најновите правци во технологијата и техниката. Ова го постигнува со редовна посета на саемски манифестации како во Република Македонија, така и надвор од неа.
Дооел "Јанко" Охрид е динамична фирма подготвена сегогаш да одговара на барањата на своите клиенти купувачи со брзи, навремени, точни и ефикасни услуги.
"КУПУВАЧОТ Е НАЈВАЖНИОТ ПОСЕТИТЕЛ НА НАШАТА ФИРМА. ТОЈ НИ ПРАВИ УСЛУГА НАМ, ДАВАЈЌИ НИ МОЖНОСТ ДА РАБОТИМЕ"